Пиши ѝ бе глуп! Може и она седи и гледа у телевизор, а уствари гледа у празно, исто како тебе
Пиши ѝ бе глуп! Може ќе облече црвени кондури и ќе дојде најубава на свет, само за да се шетате по празни улици
Пиши ѝ бе глуп! Може и она го сака Маркез
Пиши ѝ бе глуп! Може ја потпира главата на ѕид од лифт, дур воздивнува и замислува како ја љубиш по врат
Пиши ѝ бе глуп! Може и она го сака Том Вајтс и во некоја задимена биртија ќе те повлече за рака да играте на On The Nickel, додека ти ги раскажува сите стравови и радости
Пиши ѝ бе глуп! Може додека играте, праменот коса што ќе и падне од зад уво ќе те натера да ја замислиш како се будите заедно
Пиши ѝ бе глуп! Може ќе дојде дома задишана и уморна од џогинг и ќе те скоскотка дур гледаш утакмица во Недела
Пиши ѝ бе глуп! Може сега заспала со палци стегнати во тупаница, замислувајќи како не те пушта од раце, за да одиш на работа
Пиши ѝ бе глуп! Може баш сега ќе водевте љубов како што никој досега не водел
Пиши ѝ бе глуп! Може знае точно какво вино да купи, за да ги заборавиш глупите тупаџии од шефови што те малтретираат на работа
Пиши ѝ бе глуп! Може еден ден додека се возите накај море, ќе ги крене стапалата на прозор, дур ветерот и дува во лице, а ти ќе посакаш да не возеше за да можеш да ја сликаш и засекогаш да ја гледаш
Пиши ѝ бе глуп! Може сеа праи муабет со некој кретен на шанк, додека мисли на тебе и ги чека другарките да се вратат од по дечковци
Пиши ѝ бе глуп! Може ќе гледа True Detectiv со тебе, додека ги пика ладните стапала под тебе, и ти праи склупч на страшни сцени
Пиши ѝ бе глуп! Може ќе ти роди ангел од ќерка, со ист како нејзиниот прамен коса што ти паѓа преку лице секогаш кога те гушка
Пиши ѝ бе глуп! Може заедно ќе се криете по грмушки кога ќе го шпијунирате ангелот, зошто се заљубила у маалски фраер
Пиши ѝ бе глуп! Може баба ѝ знае лек за глава, што го чула од некоја руска докторка
Пиши ѝ бе глуп! Може баш сега сака да седнете у кола, да идете у Трпејца и да дебатирате за Ниче, Пинк Флојд, Премиер или Бундес лига, Ричард Бах и за другар ти што треба да се среди, дур мезите сирење и ракија, гледајќи у езеро
Пиши ѝ бе глуп! Може ќе те научи да правиш Алфредо паста со вргањ, вино магдонос и лук за пет минути, за да не јадеш како скот кога си сам дома
Пиши и бе глуп! Може едно сабајле, меѓу вас ќе спие некој жгебец ист како тебе, со трепки како нејзите, а тебе ќе ти протече цел универзум низ крв на секунд од таа глетка
Пиши ѝ бе глуп! Може ќе те натера да даеш отказ на глупата работа, и ќе смениш насока, за да еден ден се разбудиш најзадоволен од себе и од својот професионален живот
Пиши ѝ бе глуп! Може отишла кај мајка ѝ која ја прашала: “Сѐ е во ред нели??”, и она прснала да плаче
Пиши ѝ бе глуп! Може и она сега не спие
Пиши ѝ бе глуп!
...Уствари не ѝ пишувај!!!
Може ќе ја прекинеш додека будна сонува како ѝ се јавуваш, и ѝ викаш: “Отвори врата”, а нејзе нозе ѝ се сечат дур те гледа како стоиш со телефонот во рака и ја гледаш право во очи
**блогпостот е инспириран од 3 исклучителни
жени и нашите заеднички животни радости и
таги споделени преку етер, на далечина која створи нераскинлива близина
@EStavrevska @irenaxxxx @Momichet0
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.