> Ми се пишува.
- Седи Прп, не пишувај!!!
> Ама многу ми се пишува!
- Седи Прп, не пишувај!!!
> Ама многу ми се пишува!
- Ама ти текнува ли колку те
кудеа?!
> Да, ама и ме фалеа. И некои рекоа: “Знам како е...”
- Ама нели плачеше кога ги читаше коментарите под блог, зошто те болеше душата?!?
> Да, ама ги исклучив и плус некои пишаа дека ги допира, зошто се чувствувала душата во пишаното, и сега малку ми помина.

- После те плукаа и на Фејсбук. И
тогаш плачеше
> Да, ама ми пиша една студентка дека блогот, чедото ми првенче го обработувале на правен. Убаво ми беше.
> Да, ама ми пиша една студентка дека блогот, чедото ми првенче го обработувале на правен. Убаво ми беше.
- Значи сакаш да те боли??
> Не. Ме боли кога не пишувам. Кога тоа што сакам да го кажам ме боде однатре. Тоа повеќе ме боли.
> Не. Ме боли кога не пишувам. Кога тоа што сакам да го кажам ме боде однатре. Тоа повеќе ме боли.
- Е па коа си будала, јас
паметот не можам да ти го дотерам! Терај си со лудоста!
> А ти кој си??
> А ти кој си??
- Никој. Јас сум рационалната
ти! И сакав да те научам да си седиш мирна, да не галамиш многу, да собереш тоа
пурпурот! Си имаш работа, си имаш семејство, две земји да бираш каде да живееш
ако сакаш, немаш потреба да галамиш. Терај си и свиркај си. Што ти фали??
> Љубезност и човечност.
> Љубезност и човечност.
- Абе ја имаш!! Во Америка
живееш алоуу?!! Сите ти се смеат и ти велат добар ден и имај убав ден, дури и
ако не те познаваат!!
> Ама за моите зборам...И за искрената. За онаа на кирилица. Не онаа од куртоазија
> Ама за моите зборам...И за искрената. За онаа на кирилица. Не онаа од куртоазија
- Абе главо луда, ги немаш више
’’твоите’’! Нацртај у таа глава тврдоглава дека само на интернет ги гледаш!
Твитер е тоа. И Фејзбук... Дебатирај си, смеј се, расправај се, арчи си
слободно време и не се замарај! Тоа не се вистински луѓе!
> СЕ! Ги видов!!! Зимоска, кога бев дома. Вистински, од крв и месо. Не се само злобни, ни само смешни, ни само опседнати со политики!
> СЕ! Ги видов!!! Зимоска, кога бев дома. Вистински, од крв и месо. Не се само злобни, ни само смешни, ни само опседнати со политики!
- Добро! Си помина убаво, сеа
батали! Имаш ти свои грижи и свои планини за искачување и свои битки за
победување. Порасни! Ништо не ти фали овде!
> Да, ама...
> ми фали...
> Ќути бе малку!!! И слушај!! Аман!!
> Да, ама...
> ми фали...
> Ќути бе малку!!! И слушај!! Аман!!
Тоа ми фали!!
Ми фали да се слушаме кога зборуваме
Ми фали да не се сложуваме конструктивно
Ми фали да се заинтересираме за судбината на помалку среќниот, а не само да го шернеме статусот
Ми фали да знаеме дека дијаметрално не се сложуваме околу одреден став, а да се изнасмееме од срце за нешто сосема трето.
Ми фали муабет со старец, наместо злобни коментари дека прават гужва во автобус.
Ми фали да слушнам рандом факт за некое скришно место во земјата ни, без пропратни злоботии од типот ’’Оди си од градов ако не ти чини’’
Ми фали да не ми е страв да истакнам одредена предност што ја имаме дома, без да ми одговорат ’’Шо си отиде ако толку ти беше убаво овде?’’
Ми фали да не ни се кочи показалецот кога треба да поделиме комплимент на човек кој го заслужил, само зошто политички сме на различни страни.
Ми фали да речам нешто љубовно, без да речат “види ја лигавава!”
Ми фали да споделам нешто ново што сум научила, без да речат “Лесно и е да се прави паметна од таму. Дои да вииш овде како е?!”
Ми фали да кажам: "Не те знам, ама те сакам бе! Зошто си убав/а во душата! А да не калкулирам дали ќе бидам погрешно сфатена."
Ми фали да прочитам “Поддршка за тоа што се обидуваш да го направиш! Што пробуваш!”, иако можеби не се сложувам.
Ми фали да прочитам “А што е тоа? Не знам. Ај раскажи ја приказната позади тоа?”, наместо “Пих! Американци! Прв пат глеам ваква дебилна глупост”
Каде на интернет ја загубивме љубезноста?
Каде меѓу сите тие страници ја закопавме човечноста?
Од каде го ископавме целиот овој серт?
Знам, ќе речеш: Тоа е само интернет!
Ама знам и дека ни е составен дел од животот.
А што е животот ако не најдеме мир и задоволство во него?
Некаде прочитав дека гневот, болката, социјалната отфрленост, среќата и тагата кои ги конзумираме на социјалните мрежи преку туѓи искуства, активираат делови во мозокот кои инаку се активираат кога слични искуства ни се случуваат во реалниот живот.
Дали си го изабивме мозокот и креиравме од себе чудовишта? Велам чудовишта зошто секоја креација која не си ти самиот, е еден вид чудовишна креатура. Има и убави чудовишта. Tи текнува на Monsters Inc.? Они такви страшни, па што сè не научија од Boo!

Не сум против интернет.
Не сум носталгична за некои времиња кои ги измодифицирал технолошкиот напредок. Напротив. Но љубезноста и човечноста никогаш нема да излезат од мода.
Како да модифицираш добрина? Како поинаку да унапредиш разбирање, освен со искрено сочувство и обид да чекориш во туѓи чевли? Макар и само напишано на нечив ѕид.
Денес стојам така замислена и намуртена на каса, во супермаркет со пакетче вештачка трева за во корпа со јајца и дузина лалиња. Ме пренервираа злобни коментари од “моите” на интернет, како сите кои живеат во дијаспора се затуцани и нереални квази-конзервативци и некои други бла-бла муабети.
Човекот позади мене во редот ми рече: Среќен Велигден! Се надевам дека ќе ве следи радост и љубов вас си семејството. Моето име е Фернандо.
Реков фала, возвратив исто со неколку убави желби.
Фернандо ме праша од каде сум, поради акцентот кој го имам. Реков, Македонија. Фернандо рече: Wow! Сум читал во библијата. Којзнае колку е таму убаво! Толку беше. Си заминав насмеана на пат до кола.
Фала Фернандо. Ми значеше.
И ми текна на еден дедо кој го сретнував секое попладне на кеј, покрај Вардар. Кога го шетав кучето дур живеев во Македонија. Ме застануваше да го погали кутрето и да ми раскаже по некоја приказна за синовите и снаите и внуците...Како многу работеле, како само им сметал таков старо-аро по дома. Велеше: Да имав уште еден син снаа ќе те правев!
Некогаш брзав, ама се трудев да слушнам што има да каже секогаш кога можев, зошто уште од далеку кога ќе ме видеше, викаше: Еве ми го убавото девојче со убавото кутре!
И еден ден веќе го немаше. Никогаш повеќе не го видов, туку само бленев во празната клупа мислејќи како ми рече: Треба да ти раскажам за син ми во Канада, како стана директор на голема фирма. Знаеше дека се спремам да заминам. Не се сеќавам ни на името, ама се сеќавам дека ме смееше и дека петте минути љубезност кон него ми донесоа ука за калемењето на овошките и смешни приказни како пиел чашка ракија скришум, за да не му се тресат колената кога ќе оди по невеста.
Кога престанавме да се слушаме?
Дали кога ги поставивме оние ѕидови со наши слики по социјалните мрежи??
До кога ќе биде најбитно она што ЈАС имам да кажам, а вие да ми се поклоните на тоа со лајк.. и фејв.. и шер.. и ретвит..
Дали си подигнавме онлајн споменици на сопствените суети, па сега се тркаме чија надгробна плоча што не држи затворени во сопствената изолираност од светот е поубава?
Чив епитаф е помудар?
Имаме толку многу време за да кажеме што мислиме, а толку малку за да застанеме и да слушнеме што другиот има да каже.
Дали ни е страв дека после видувањето од друг агол, случајно ќе разбереме како му е на другиот? Да не е тој агол на гледање можеби подобар?
Што ако го смениме?
Што ако е подобар?
Ах да...после може ќе треба сопствениот епитаф да го менуваме.
Батали! Многу работа е тоа!
Добро утро дечки.
Ви текнува кога последен пат бевме љубезни??
Мене, не.
Можеби е тмурен, а можеби и сончев Понеделник.
Не знам...
Барем ви е Велигденски, неработен.
Се надевам дека ќе имате ПРЕубав ден!
Не стварно...не болеше.
P.S.”И запамти Прпке! Убаво кажа еднаш H. Jackson Brown, Jr. “Секој што ќе го сретнеш се плаши од нешто, сака нешто, или загубил нешто”
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.