Friday, April 12, 2013

А твитна некој?


Еднаш го слушав на телевизија Аштон Кучер (навлечен Твитер-селебрити) како бил на Твитер-рихаб, па сам себе се ограничил на 6 твита дневно. Тогаш уште бев чиста па си викав: "Шо се фолира бе крелево?"  
И така све почна...
Тргнав по Аштона, тоа секси копиле, па нагазив на феноменот Македонска Твитер заедница. Фино лепо и концизно опишана кај кај Медо на Здраворазумен хејтеризам
А бе како морски ветер дојде после Фејсбук преполн со сликите од свадбата на вујна и на другарка ти, патетиките од Семе Синапово што ги постнала професорката од средно и... да, лајкови, кисЧИЊА, поукнувања и поздравЧИЊА.
И имаш: Еј!! Твитер е друга приказна дечки!!
Нови луѓе кои одушевуваат во 140 карактери. Дечки и цури кои со неколку зборови ќе те стават во мисла неколку саати, па и денови. Хипстери, интелекуалци и уметници позади аватари, на кои не им е битно кој како изгледа се додека има што да каже, да твитне нова добра трака која сеуште нема ни неколку стотин
и прегледи на Ју Тјуб. Тотално необременети со стереотипи, ама опседнати со креирање неконвеционалности и авангарден пристап кон огласување мисла по социјални мрежи и блогови.
Потонав во следење интелектуални дебати, се изгубив низ линкови на добри рецензии, урлав од смеење на интелигентен хумор и општествена сатира. Издржани тролања кои имаат тежина да заболат до коска, а упатени на вистинска адреса. Се губи потребата да читаш медиокритетски новинарски записи кога таму ќе најдеш линкови до совршено срочени блогови и анализи. Не можеш да престанеш да откриваш и заследуваш ликови кои потоа едвај чекаш да твитнат, зошто како на зависник ти се потребни тие интелектуални дразби. Онакви неконвенционални и интригантни какви одамна нема на телевизија и во весник, а по кои сме мртви гладни.
Така сите почнавме нели???

Е после се случува она чудното. Разводнувачкото. Неодоливо потсетува на она како ни се разводни државата, општеството и нацијата во последниве 20-тина години. Дали како и кај државата и Твитер стана провокација за оние новокомпонираните кои мораат сѐ да пробаат и видат, за да сотрат уште еден од коплексите? Затоа што тоа е новото за кое се зборува нали?
Дали на влијателните (оние вистинските) им досади? Дали ја предадоа борбата пред налетот на оваа фурија? Дали медиокритетот е вирус од кој нема куртул?

Секој ден сѐ повеќе "Твитерџии", а сѐ помалку твитови. Плиток хумор и тролање без крајна цел. Мизерни хејтања само поради чувството на "ај ем спешл енд смарт" и има на глава да ви скокам пошто ми се може преку Твитер. Гифови и сликици за у школски споменар и нормално кисЧИЊА.
Да. Cекој може да бира кого ќе следи, ама тајмлајн си врти 24/7 сосе целата интеракција. ТЛ е како друмска кафана пред затварање. Колку повеќе хејт и плиткоумен вулгаризам, толку повеќе ретвити, кои ти изрипуваат од сите страни.
Излегоа најдегутантните и напростачките хаштагови, кои ни во лудило не можат да се замислат. C
ѐ со една цел; 5 минути спот-лајт и лечење лични фрустрации.
Оној убавиот МК Твитер, беше и е ризница на умни хаштагови, кои се развиваат во совршено ср
очени мисли, софистицирана непристојност, џентламенски дискусии и насочен критицизам. Зборовите, гласовите и буквите таму си ја имаа сета своја луцидност и фасцинантност по која тежнеат. 
И ете пак само се прашувам, а одговори немам. Си пуштам пурпур во етер, и не... Не се правам паметна. Сите сме улетале у "понела ме атмосфера" моуд, на еден или друг начин, у кафана или на Твитер. А и коа тврдиме обратно се лажеме.
Ама мене пусто некако ме боли Твитер, па сеа си удирам шамари, зошто такви какви што сме ние македонците у налет на атмосфера заебуеме цело општество, држава, школски системи, морални вредности, новинарството...ју нејм ит, а не па Твитер.
Така и ова веројатно ќе се тури по ѓаволите ако не му се врати силата у последен момент. Никој не треба да не освести, поготово не некоја си Прп од среде пустина, туку секој сам себе. Зошто и тоа како знаеме да срочиме мудрост у 140 карактери. Коментари и критики кои допираат до ЕУ и политичкото раководство на државава. Пингови кои ги провоцираат и највоздржаните како оној на Бетмен до Филе. Хумор кој ќе го препишуваат на FB, а не плиткоумен хејт кој ќе го увезуваме од таму некаде.

Не сме до толку тапа...а и 
ако бевме, некој ќе твитнеше за тоа, нели???