Tuesday, May 30, 2017

На бело нема мир

Денес е 31 Мај 2017 и НЕ; простете другари интернет активисти, но мене не ме засега дали новата влада ќе ја укине забраната за продажба на алкохол по 19 часот. Мене ме засега белото!
Чекавме нова влада и дочекавме! Нека им е со среќа, нека им е со лесно и нека им е со чесно!
Чекавме слобода
Чекавме прогрес
Чекавме демократија
Чекавме медиумска слобода
Чекавме правда
Чекавме иднина
Чекавме основни човекови права
Чекавме шанси
Чекавме многу работи кои не тиштеа и не влечеа назад, далеку зад сите демократски слободни општества. Се надевам дочекавме.
Еден од стотиците проблеми пикани под тепих последнове 10 години и системски влошувани со цел корумпирање на општеството за лична матерјална корист е многу битен. Битен е зошто не убива! Битен е зошто доколку не се делува сега и веднаш ќе продолжи да не убива. Ќе ги убие и нашите деца и понатаму нивните деца и неколку идни генерации!
Денес не го гледаме. Ќе го видиме за 6-7 месеци, но тој трпеливо ќе чека да не убие. Тоа е единствената негова цел.
Кога ќе го видиме во форма на густа, бела магла, ќе биде предоцна! Ќе биде длабоко навлезен во секоја клетка од белите дробови на нашите деца, нашите родители и нас самите!
Доста бевме на бело!!
Затоа ве потсетувам со време дарга нова владо која во Ноември веќе нема да биде нова и еуфоријата на славење на изборната победа ќе биде далеку зад вас. Ве потсетувам 7 месеци однапред во името на секое дете, родител и пензионер. Токму денес на 31-ви Мај 2017.
Ве избравме зошто ветивте дека нема да бидете како оние кои проблемите ги пикаа под тепих и велеа "маглата (и отровите во неа) се Божја воља"!
Ве избравме поради прогресивизмот, вербата во наука и ветениот прагматичен и про-активен пристап во решавање на проблемите.
Седнете консолидирајте се и решете го ноемврискиот проблем со загадениот воздух сега и веднаш! Ова лето и под ова сонце!
Кога ќе дојде есен и зима ќе биде предоцна. Тогаш нема да ви дадеме шанса за изговори! 
Кога ние нема да можеме да дишеме, нема ни вас да ви дадеме да дишете! 
Болестите на дишни патишта не се санираат со изговори. Тоа на сите ни го докажа владата која не ги решаваше проблемите во изминативе 10 години. Но тие заминаа. Тие се веќе небитни. Тие се темна дамка на нашето постоење, но за жал и на многу бели дробови. Затоа им рековме: "Доста е! Заминете! Збогум и да не ве видиме пак!"
Затоа пак вас ве постсетуваме овој 31-ви Мај 2017! Со апел, со молба, со лелек, со "аман, за аман", со све! Ако треба пак да ве потсетиме кога ќе дојде Ноември и маглата и кога отровите пак ќе почнат да наседнуваат на плуќа, тоа ќе биде со пенкало на некои наредни избори. Локални, парламтерни, вонредни и какви ли веќе не. Тогаш ќе биде предицна. Како што беше за овие кои ги испративме.
Знам не знаете од каде да почнете. Многу е собрано. Премногу! Но еве ви јасна и (пре)гласна насока за почеток. Наока која ве потсетува дека велевте граѓаните ви се најбитни. А и ние самите сме си најбитни.
Зоран Заев, Садула Дураку и сите останати кои застанавте на позиции на кои ве ставивме, а од кои ќе управувате како наш личен сервис.
Сите очи се во вас вперени, другари прогресивци!
Честито победа и фаќајте се за работа дур имате време! 
Времето лета ⌛️
#НаБелоНемаМир